Малолетно лице е повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во 08.55 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје. До несреќата дошло кога мопед „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(18) од Скопје, удрил во малолетник од Скопје.
Во незгодата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Comments are closed for this post.