Постапката за доделување на наградата „Гоце Делчев“ е целосно завршена и во следните денови одлуката за избор на добитниците на наградата ќе биде објавена во Службен весник, за што е доставен и допис од страна на Министерството за образование и наука. Единствено, церемонијата на која вообичаено се доделува наградата во просториите на Собранието нема да се одржи поради ситуацијата со пандемијата. Сепак, за сите добитници се подготвени статуетки и признанија и истите ќе им бидат доставени, се вели во одговорот на Министерството за образование и наука на прашањето на МКД.мк.
Comments are closed for this post.