Момче на 29 годишна возраст починало синоќа околу 18 часот во Градската општа болница „8 Септември“ само неколку часа откако било донесено во тешка состојба. Според првичните информации, момчето починало од сепса после интервенција која му била правена во една приватна здравствена установа во Скопје.

Во моментот инспектори од ДСЗИ се во болницата и ги испитуваат околностите за смртта на момчето, по што, по трагот на документите ќе извршат контрола и во приватната здравствена установа. Ќе се испитува каква интервенција му била направена и дали е заведена во документацијата. Најверојатно станува збор за интервенција на хемороиди.

Со повеќе детали, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе излезат веднаш штом имаат конкретни информации.