Се уште нема никаква реакција од власта по обидот за линч врз поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Се уште нема ништо од истрагата, нема ништо од Управата за извршување санкции, нема ништо од Министерството за правда, нема ништо од Зоран Заев. Но затоа има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, се јавија сите таканаречените команданти, терористи од Диво Насеље, закани кон актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешната изјава на Наум Стоилковски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Зоран Заев и Министерката Рената Треневска Десковска мислат дека добро се затскриле и го забошотиле случајот, нарекувајќи го инцидент и со оставка на директорот на затворот Скопје, терористи и криминалци земаат сила да одработат за целите на хунтата во предизборието!
Фингираната оставка од директорот на затворот Скопје, е обид на Заев да ги сокрие вистинските намери. Директорот дал оставка ама го подготвува извештајот. Ниту Управата за санкции ниту Министерството за правда ги изнесе фактите и доказите како се случиле два внимание два обиди за линч во кратко време, за убиство на поранешни министри, ниту пак ќе ги прикаже видео материјалите од безбедносните камери“!, нагласи Стоилковски
Тој обвини дека срамно се кријат фактите и се долева масло на ова со тоа што се наведува дека ова бил инцидент предизвикан од „вербални навреди“ од Ристовски и Јанакиеск.! „Срамота! Нема ниту збор за одговорност за тоа дека во два одвоени случаи во период од два часа се претепани членови на опозицијата.
Обидот за линч не е „инцидент“, туку добро организиран напад! И истата група извршители без никакви стеги и натаму се закануваат по членови на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе биле тепани и убиени! Власта молчи, одговорните молчат, уште и долеваат масло на огнот со нивното нереагирање. Тоа остава простор за и натаму оваа терористичка група и нивните поддржувачи да упатуваат, но и да преземаат акции против ВМРО-ДПМНЕ“ додаде тој.
Стоилковски рече дека е легитимно прашањето, дали молкот на Заев и на Десковска и на владата во целина намерно поттикнува линч и поттикнува мисла, идеја кај терористичката група дека на овој начин ќе се здобијат со милост и слобода од тероризмот? Дали ова е дел од трговијата по посетата на Диво Насеље ден по трагичната акција во кој што загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили“, праша тој?
ВМРО-ДПМНE оценува дека состојбата е пресериозна, полицијата и обвинителството мора да преземат сериозни истраги, а Судот мора да излезе од овој опасен круг, зашто во прашање се животи на луѓе, животи на функционери, членови на опозицијата.
Comments are closed for this post.