Министерството за здравство почна постапка за реновирање 34 здравствени установи и набавка на опрема за нивните потреби. На 6-ти овој месец, како што информираат од Министерството, е објвен тендер за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија.
-Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија, стои во соопштението.
Со цел да се подобрат условите во кои се даваат примарните здравствен установи ќе се направи комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои што се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење, поправка и репарирање внатрешни врати и прозорци и замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.
-Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница, наведуваат од Министерството за здравство.
Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани економски оператори што имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки
Comments are closed for this post.