Moдуларната болница во Тетово која вечерва изгоре уште од самиот почеток ја следат проблеми.Таа долго време не беше пуштена во функција поради грешки во градежните работи а не беше ниту поврзана со центалниот систем за греење.
Сепак најголемиот пропуст во функционирањето на болницата беше кога беа исечени цевки за довод за кислород а со тоа беше доведен во опасност животот на пациентите.
Затоа јавноста бара да се испита квалитетот на тие модуларни болници кои беа платени уште пред да се монтираат.
Модуларните болници во Македонија ги градеше велешки Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија
Comments are closed for this post.