Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение најостро ги осудува, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи Никола Димитров, дал оставка.
– Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, стои во демантот.
Comments are closed for this post.