Ни кажаа дека Синиша Алексовски, вработен во кабинетот на претседателот, кажал дека претседателот треба да се обрати во 22 часот и дека ќе прогласи воена состојба. Ова го чув откако излеговме од Собрание и отидовме во паркот Жена-борец”, раскажа обвинетиот Михаил Младеновски, брат на обвинетиот Стефан, кој претходно даваше одбрана пред судот.

Според Младеновски, Синиша Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ.

Упадот во Собранието овој обвинет го нарече свесно направена манипулација.

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.

Давање на лажен исказ е кривично дело. И  по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот.