Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ објасни и зошто не ги поддржуваат уставните измени под овие услови и како го оценува однесување на ЕУ и Бугарија.
Кога ние зборувавме за бугарскиот диктат кажуваме дека вклучување на дел од бугарскиот народ во Уставот е една тема, втора тема е дали тоа е последна отстапка и трета тема е диктатот а четврта е целата операција каде што ВМРО-ДПМНЕ беше исклучена.Ако ВМРО-ДПМНЕ беше во тој беше во процесот од почеток тогаш ќе станеше јасно дека овој т.н француски предлог е неприфатлив.Владата себеси си додели ингеренции кои што не и припаѓаат.Таа од името на две третини пратеници прифати нешто за кое што нема бројка да го испорача.Кога ќе ни кажат тоа е реалност, ние велиме да свесни сме за тоа.Но, нели се реалност 14 пресуди на судот во Стразбур а таа реалност ја игнорира источниот сосед.Имаме задолжителни пресуди од Судот за човекови права.Нас ни велат не можете да ја игнорирате реалноста а од друга страна им дозволуваат на Бугарија да ја игнорираат реалноста.Како ние да веруваме утре нема да ни се случи повторно ново вето од страна на источниот сосед.Понудиме и да се додаде дел во кој ќе кажеме дека уставните измени со кој ќе вклучиме граѓани од бугарската заедница да почне да важи кога ќе почне ратификацијата во европските парламенти.Велат тоа не можело.Вие од нас барате да не ја игнорираме реалноста, а од друга страна ја толерирате најкорумираната и најсиромашната членка на ЕУ што ја игнорира реалноста.Бугарија без користење на структурните фондови на ЕУ не може да преживее ниту еден квартал.Никој не може да ме убеди дека ако може тие да бидат намалени или воопшто да немаат достап, многу поорганизирани и помоќни држави во ЕУ како Унгарија и Полска за многу понебитни работи.Ако е ова навистина геостратешко прашање и ако навистина некој сака да ја види Македонија предводник на овој процес тогаш може да ја убеди Бугарија да не ја игнорира реалноста и да го примени тоа што е пресуда од Стразбур за заштита на македонската заедница во Бугарија.Очигледно е дека сега процесот е заглавен.Барате од нас да не ја игнорираме реалноста но сакаме да видиме дека и вие не ја игнорирате реалноста.Двојните стандарди кон Македонија изминативе 23 години можеби биле аплицирани најмногу-билатерални договори во преговарачка рамка,промена на уставно име на насилен начин, промена на знаме, промена на Устав поради територијална поделба, што ниту една земја што сега се членки на ЕУ не го направиле.Ако зборуваме за принципи и европски вредности јас сум подготвен да разговарам.Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја затвори вратата тука сме, подготвени сме да разговараме но тоа да се темели на европски принципи и вредности.
Comments are closed for this post.