При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случувањата во судскиот совет истакна дека тоа е вандализам, девалвирање, багабонтство на отворена сцена и процес што ја срами Македонија и што нанесува трајни штети и последици.
„За личноста која што беше на начин променета како што беше променета нема да коментирам, тоа како став наш го знаете, од каде потекнува, како потекнува, и тоа што нејзе и се случи во ова опструирано правосудство во Македонија е само последица на тоа што она сама претставува. Но ако го коментираме самиот процес тогаш навистина тоа е еден процес на вандализам, на багабонтство и процес не само што ја срами Македонија туку е процес кој што нанесува трајна штета и последици во смисла дека оставаме лош впечаток пред нашите меѓународни партнери. Сега јас ќе ја прашам македонската јавност и ќе ја прашам владата, дали оваа штета што се одвива на отворена сцена во судскиот совет кој што треба да биде орган над сите органи практично тоа е и мајка и татко на оние кои што треба да се грижат за владеењето на правото, за борбата против криминалот и корупцијата, дали ова што таму се случува нема да нанесе трајна штета во нашите односи со ЕУ затоа што знаеме дека една од темелните вредности на ЕУ е токму владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. Гледате таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој да биде после избран за судија, таков еден срам, такво едно девалвирање, таков вандализам и багабонтство на отворена сцена Македонија не познава. Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса. Ваков еден срам што се случува тоа е невидено. Затоа велиме луѓе дајте да ставиме крај да одиме на избори, вакви сцени ќе гледаме се повеќе и повеќе, и ја повикувам и меѓународната заедница, овие луѓе што се во владата не им е гајле за народот што мисли тие тоа го кажуваат јавно, тие многу повеќе сакаат да коленичат и да веднат глава пред вас во вашите кабинети, кога го газат дебелиот килим и во Брисел и во вашите амбасади овде, кажете им да заминат така ќе го спасите и народот и државата и самите себе. Тие вас ќе ве слушаат, не го слушаат тие народот. Не се избрани тие од народот. Секогаш се поставени и октроирани таму каде што се, за да не се случи народ. Оти ако се случи народ тогаш ќе биде проблем. Заради тоа еве и до нив една порака, зарем можете да гледате и да молчите, зарем можете“ , нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.