Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче на мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.

Станува збор за мотори „БМВ ГТЛ“ од 1.600 кубици. Основниот модел чини нешто помалку од 27.000 евра.

Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Од таму тој со својот возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез.

Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде што ќе биде говорник на економскиот форум.

По Делфи, како што пишува Вориа, тој ќе го продолжи патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики.

Новинарите од грчкиот медиум го прашале Заев дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои се уште се против Договорот од Преспа, тој вели дека многу Грци му велат дека задоволни за Договорот, додека други му велат не им се допаѓа Договорот.