Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија.

Тој одговараше на новинарски прашања за рејтингот кој е 5 пати повисок од опозицискиот лидер Венко Филипче.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата, но и самата Влада што ја предводам, навистина прави се што може во овој момент да испорача резултати, да покажеме дека не сме исти, како другите.

-И нормално покрај оние другите, кој што сеуште добиваат одредена помош од страна на некои од опозиционите политичари, инструктори. Јавноста е објективна и таа преку ваков тип на јавно мерење кажува реално какви се состојбите во државата, додаде Мицкоски.

Дали сум задоволен, ако го поставуваме тоа прашање, сум задоволен, и секогаш може подобро, ќе работиме жестоко, немаме друг избор, мораме работите а ги гледаме онакви какви што се и да нудиме решенија за работите онакви какви што се.

-Многу пати сум зборувал во минатото, првичната наша цел беше да го сопреме слободниот пад, по што успеавме, ја консолидиравме состојбата, а потоа постепено да дојдеме до точка нула. Можам да кажам дека ние сеуште не сме дојдени до точка нула, се качуваме таму, очекувам на пролет да дојдеме до точка нула и потоа да почнеме да ја развиваме државата онака како што имаме намера.

-Она што можам да го ветам е дека жестоко ќе работиме како Влада, напорно ќе работиме, чесно ќе работиме за да покажеме дека можело да биде и поинаку. И нормално борбата против криминалот и корупцијата, зашто само така можеме да ја вратиме надежта кај народот дека ќе не биде, се останато е гола политика и празна политика и тоа не носи додадена вредност, истакна Мицкоски.