Затоа што очигледно тие не можат да го испорачаат тоа за кое што земале обврска, а преземаа обврски надвор од легитимитетот политички кој што го имаат, или во суштина да бидам попрецизен, кој го немаат. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Велес одговори на новинарско прашање за тоа зошто мисли дека Ковачевски и СДСМ треба да прифатат предвремени парламентарни избори.

Мицкоски исто така истакна дека Ковачевски и според начинот на кој е избран е премиер без никаков легитимитет, а најстрашно е што како таков потпишал национална катастрофа без да се консултира со никого.

Ковачевски стана премиер откако им се случи оној историски дебакл на локалните избори и во првиот и во вториот круг на СДСМ и коалицијата во 2021 година, па замина комплетното политичко раководство на СДСМ на начин на кој што беше избран Ковачевски откако претходно беше киднапиран или исчезна еден пратеник во Парламентот, Ковачевски беше избран или инсталиран во Парламентот без било каков политички или изборен легитимитет од граѓаните и што е уште пострашно потпиша национална катастрофа и капитулација позади завесата без да се консултира со најголемиот фактор во државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што му нудевме поддршка, потенцираше Мицкоски и додаде:

Откако тој проект на Ковачевски и Пендаровски пропадна, редно е да одиме на предвремени парламентарни избори бидејќи нема ниту една друга причина зошто тој да остане и понатаму инсталиран, зборам во објективна смисла, а во субјективна смисла има за нив, имаат тендери имаат провизии, имаат други интереси коишто тој заедно со водечкиот партнер во Владата треба да ги заштитат уште овие неколку месеци. Но, треба сите да знаат дека за неколку месеци од денеска ќе имаме нова реалност и сите оние потенцијални партнери во криминалот на оваа влада треба да се свесни дека ќе има одговорност“.