„Нема во Македонија албански општини, туку во Македонија има македонски општини со мнозинско српско, албанско, турско, ромско, македонско население. Немојте да влегуваме во таа стапица, не постојат во Македонија албански општини сите се македонски општини и затоа што се македонски општини, ние им даваме плата, граѓаните на Македонија, а Македонија како држава ја детерминираат три основни симболи тоа се знамето, химната и грбот. Не гледам ништо спорно во училиштата да се интонира македонската химна. Замислете по оваа аналогија во некое маало во Берлин каде има доминантно турско население во некое училиште да се интонира турската химна или пак наутро да се крева турското знаме како тие би реагирале?“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју!“ на Канал 5 Телевизија.
Претседателот Мицкоски кажа дека треба да се почитуваат основните столбови на државата, тоа се знамето, химната и грбот.
„Се додека живееме под еден чадор, се додека живееме на територијата на Република Македонија и таа е наша заедничка држава тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на кои почива државноста на Македонија, тоа се знамето, химната и грбот. Дали тие го сакаат тоа или не го сакаат тоа, дали тие имаат проблем како лични чувства или не, тоа е нивен проблем. Познавам многумина Турци кои ја пеат македонската химна и со гордост ја пеат, познавам Срби и Албанци кои ја пеат македонската химна“, рече Мицкоски.Претседателот Мицкоски упати и апел до политичарите Албанци од опозицискиот албански блок и додаде:
„Мојот совет до политичарите Албанци, посебно тие во опозицијата е да не влегуваат во замката која сакаат да им ја наметнат, а тоа е етнонационализам и шовинизам бидејќи токму тука се прави грешката таму од Али Ахмети нема подоминантен во тој блок, не можат они на Али Ахмети тоа да му го оспорат, тие треба да влезат по мене во порака која ќе значи зошто младите Албанци се селат од Македонија кои се причините, зошто имаме толку високо ниво на корупција и криминал, зошто една фамилија која е блиска до ДУИ има милионски имоти“, дециден е Мицкоски.
Запрашан за дебата за нова химна, претседателот Мицкоски истакна дека апсолутно не само што не е подготвен туку тоа не треба воопшто да е тема и воопшто не треба да се разговара во однос на тоа.
„Ако сите ние сме расчистиле со тоа дека ова е наша татковина, дека тука сме се родиле и тие што немаат се додека добива плата од буџетот кој граѓаните во Македонија го полнат тогаш тоа тие треба да ги почитуваат овие одбележувања, ако не им се допаѓа слободно нека ја напуштат и нека одат таму каде што повеќе им се допаѓа и нека ги воспеваат симболите на таа држава која повеќе им се допаѓа од Македонија, но ако сме расчистиле дека ова е нашата татковина, не велам дека тие на глас треба да ја пеат, но би било навредливо за мнозинството граѓани да вие на таков начин соопштувате политички став бидејќи сите тие се гласани од различна етничка припадност меѓу кои дел и од македонскиот народ гласале за тие луѓе, тоа е навреда за тие луѓе. Тоа е исто како што јас да речеме да како политичар го игнорирав денот на албанската азбука, што треба да го игнорирам и собирам ситни политички поени, не напротив тие се наши сограѓани“, заклучи Мицкоски.
Comments are closed for this post.