На крајот на вчерашниот митинг Мицкоски ѝ се обрати и на својата Македонија со стиховите од антологиската „Заветна“ на Пепи Бафтироски.
„Негде ќе те премолчат негде ќе те сокријат, гроб со гроба ќе покријаат, само ти си бесмртна жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш.
Векови пеколни заедно ќе минеме, древна земјо македонска, така е пишано ништо да не бидеме, ти без мене јас без тебе. . .
Може да те одречат други да те предадат, можат сешто да измислат, само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш.“
Мицкоски го заврши говорот со порака дека ова не се обични времиња и ова не се обични избори, па затоа треба да се обединиме сите и да покажеме заедно дека силата на Македонија е во сите нас.
И ова може да е и нашата последна шанса. . . да ја вратиме Македонија која ја сакаме. Ние сме сите исти, граѓани на оваа земја, и заедно ќе го почнеме следното ново поглавје на приказната за Македонија. Со зборови кои ќе одекнуваат од еден до друг крај на државата, кои ќе се пренесуваат храбро и гордо, зборови кои ќе покажат дека ја сакаме оваа држава и дека заедно ќе ја направиме повторно да биде ваша. Можеме! Во историјата доаѓаат моменти како овој, кога мора да застанеме гордо и да одлучиме. Нашиот момент е сега! Ова е нашето време. Ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат, а и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации. Ајде да ја промениме реалноста, да го промениме секојдневието. . . да го промениме светот во кој живееме на подобро. Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце! Македонија повторно твоја! Промените во твои раце, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.