Овие избори не се помеѓу Европа и изолација, овие избори се одлука на граѓаните во Македонија помеѓу Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од друга страна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Секоја друга, условно кажано, трета опција или седење дома е директно гласање за оваа група, правата група. Затоа ги повикувам граѓаните масовно да излезат на изборите, да земат учество и да одлучат во каква држава сакаат да живеат, рече Мицкоски.

Вели дека има два концепти, држава на граѓаните или држава на Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски или држава на народот, која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Тоа се двата концепти кои што ќе се судрат на овие избори, нема трет концепт, секој оној кој ќе одлучи да поддржи трет концепт или да остане дома и на тој начин да биде надвор од изборниот процес, всушност учествува и го поддржува првиот концепт,концептот што го нудат ДУИ и СДСМ, рече Мицкоски.

Како што додаде Мицкоски, од страна на ВМРО-ДПМНЕ се планираат сериозни реформи во министерството за образование.