Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара со премиерот Димитар Ковачевски за националните и државни интееси, соопштија попладнево од партијата.

Ова соопштение доаѓа по најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во наредните десетина дена на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

 

Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓу другото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ