Граѓаните кои што на овие избори излегоа и гласаа во огромно мнозинство за Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и гласаа за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот.
Граѓаните кои што во целиот овој процес учествуваа и на тој начин самиот процес го направија демократски исто така да се заблагодарам и на оние кои што не гласаа за нас односно кои што гласаа за актуелната владина коалиција. Тоа е демократијата, правото на избор на секој еден е неприкосновено, човековото право е неприкосновено и треба да се држиме до овие константи и во иднина како идна влада, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на врачувањето на мандатот.
Сакам да најавам дека набргу од сега ќе биде составена новата влада, реформска влада. Влада која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните во Македонија да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, сите ние да бидеме еднакви.
Да ги задвижиме работите во економијата, реформи во економијата, еден силен инвестициски циклус, тоа е она кое граѓаните го очекуваат од нас, подобрување на стандардот на живот. Исто така подобрување на стандардот на живот и зголемување на пензиите за пензионерите, едно од водечките ветувања кои ги имавме во кампањата. Се разбира оваа состојба која е во здравството во 21 век пациенти да за жал го губат својот живот чекајќи по ходниците, а хируршките сали да остануваат во состојба во која се овие денови.
Да учениците на први септември добијат учебници, она кое што е важно, иако знам дека тука ќе имаме жесток и сериозен предизвик, бидејќи состојбата во министерството за образование каде што е овој министер не само што не е почнат овој процес, туку намерно го опструира за да, ете, на први септември кога ќе почне учебната година учениците немаат учебници пред себе.
Да имаме задоволни земјоделци со загарантиран откуп со повисока откупна цена, субвенции кои што навремено ќе бидат исплатени.
Да имаме задоволни припадници на министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана. Дипломатија која што во светот ќе ги брани, штити интересите на нашето семејство, на нашето македонско семејство, а не лични интереси на поединци, дел од нив, за жал, ќе мора во периодот кој што следи и да бидат повикани на озбилен разговор од страна на надлежниот министер кој што, нели, е надлежен над работата на нашите дипломатски претставници.
Истовремено, владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто кое што изостануваше, би рекол, овие седум години. Ние продолживме да тонеме на сите мерења и на сите релевантни рангирања.
Перцепцијата за криминалот и корупцијата е огромна, граѓаните имаат револт во себе, се чувствуваат небезбедни. Тоа претставува еден од главните мотиви зошто тие ја напуштаат Македонија, покрај сите овие, би рекол, лоши услови за живот, а тоа е перцепцијата за високото ниво на криминал и корупција и тука не мислам само на политичкиот криминал и корупција иако ние како политичари сме одговорни за тоа. Туку, зборувам за степенот на криминалитет кој што го гледаме низ улиците на нашата Македонија.
Тоа се предизвици како и многу други кои што идната влада ќе ги има пред себе за решавање, имаме начин, мотивирани сме, излеговме на овие избори со програмата, „Платформа 1198“, најголем дел од решенијата за сите овие напластени проблеми се таму. Добивме речиси половина милион гласови од страна на граѓаните на изборите за таа програма и таа програма треба да се спроведе, таа реформска програма.
И убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад.
Уште еднаш благодарам на претседателката, благодарам на вас медиумите на снимателите кои што бевте изминатиот период цело време со нас и конечно на крај благодарност до граѓаните уште еднаш за трпението и огромната поддршка која што ни ја дадоа и која што не обврзува да бидеме најдобри од било кој до сега.
Comments are closed for this post.