Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски по повод празникот св. Трифун беше во општина Кавадарци исто така таму од медиумите беше запрашан дали очекува дека Владата ќе стигне до 2/3 мнозинство за уставни измени. На истото тоа прашање тој одговори дека со овој парламентарен состав тој не очекува дека власта ќе стигне до 2/3 мнозинство.
„Овој парламентарен состав очекувам многу скоро да го заврши својот мандат, и откако ќе го заврши својот мандат, да одиме на брзи предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека се надева што поскоро на брзи предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.