И кога ве гледам во олкав број како го славиме овој 33 роденден дополнително за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, претставува мотив да истраеме, издржиме и заедно со вас за неколку месеци од денеска на парламентраните избори да ја запечатиме оваа историја и да победиме со мнозинство во македонскиот парламент. Многу е важно таа победа да биде голема, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Штип каде се одбележуваше 33 година од Општинскиот комитет на партијата во овој град.

„По се ова што го направивме изминатиов период, многу е важно таа победа да биде со мнозинство во македонското Собрание. Затоа што еве стојам од овде пед вас ве гледам во очи и ви велам да сигурно на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со голема победа. Но, нема да е доволно таа победа да биде со помал број од 61 пратеник. Зошто ова го зборувам? Затоа што за време на таа кампања ќе се изнаслушате се и сешто  од ситни души кои се платени со ваѓи пари, а крадени од Владата на ДУи и СДСМ или СДСМ и ДУИ како сакате кои со тие ситни души прават коалиција како ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто? Затоа што така нивната цена на политичката сцена на нивниот пазар кој што тие се навикнати ќе биде многу мала. И второ затоа што му слугуваат на нивниот главен стопан и сигурно вие го очекувате тој стопан да биде СДСМ. Не не е СДСМ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа „СДСМ се претвори од државотворна партија во измеќари на ДУИ“.

„Тие се вистинскиот стопан денес во владата и на СДСМ, и на овие ситни души кои што ќе имаат за цел да излезат и да ви кажат вие што сакате да слушнете, а потоа кога ќе заминат од тие средби со граѓаните додека патуваат до другата точка во возилото да ги бројат парите кои ги добиваат од нивниот стопан, само и само да го поделат антивладиниот македонски гласач“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека целта на партијата е на идните избори, покрај тоа што мора да ја декласира коалицијата СДСМ и ДУИ,  е да им го покаже вистинското место на оние кои се претставуваат како алтернатива, кои што го изедначуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да им се покаже вистинското место. Тој додаде „а тоа е на темната страна на историјата, со огромна победа која што ќе ја направиме заедно со вас и со народот на Македонија“.
Мицкоски порача дека колку е посилно ВМРО, толку е посилна Македонија.

„А колку е посилна Македонија толку и вашиот дом е повреден. Колку е послаба Македонија, колку повеќе Македонија е клекната на колена, толку и бизнисте на бизнисмените се посиромашни, толку и нашите домови се помалку вредни. Затоа ние потребна огромна победа. Победа со која што ќе ја зголемиме вредноста на нашиот дом“, заклучи Мицкоски.