Пред денешната конститутивна седница, лидерот на Левица Димитар Апасиев рече дека ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ ако Африм Гаши не биде собраниски претседател, а во Собранието се зборува само македонски јазик. Тој посочи дека противуставен е Законот за јазици по кој претходно Талат Џафери претседаваше со седниците на албански јазик.
Не ние би дале поддршка од нашите шест за да не биде претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран повторно македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се преседава со седница, рече Апасиев.
Тој додаде дека ако зборува на македонски, може да преседува.
Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста, додаде Апасиев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, коментирајќи ја оваа изјава, рече дека таа Левица се однесува како група на џанаци.
Димитар Апасиев имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да се приклучи, тој одлучи да се посвети на плановите каде ќе ужива летото дали на Хургада или друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика дека тие се група на џанаци, така и продолжува да се однесува, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.