Владата бара начин да ги декласифицира информациите дека премиерот Христијан Мицкоски бил активно следен од службите додека беше лидер на опозицијата.Мицкоски бил следен од дрон во реонот на Пелагонија.

Во Агенцијата за разузнавање за овој случај се уште трае истрагата, како и во АНБ. Мицкоски е присутен во повеќе белешки отколку еден од најголемите турски криминалци Седат Пекер кому власта на СДСМ му даде македонски пасош.

АНБ повеќе се интесирала за Мицкоски отколку за кланови кои функционираа во Скопје.

Интересно е дека нема наведено по кој основ е следен Мицкоски од АНБ, додека според Агенцијата за разузнавање основ било дека безбедноста на директорот била нарушена.

Во следењето на Мицкоски има работи што се целосно измислени и за места каде што не бил воопшто присутен а во извештајот е наведено дека бил таму.