„Бидејќи и ние правиме анкети некогаш две, некогаш три месечно последната на изборен примерок од 1,000 испитаници по изборна единица ја направивме во ноември и бројките се дека ВМРО-ДПМНЕ во ноември се движи помеѓу 51 и 54, СДСМ се движи помеѓу 26 и 29, ДУИ има едно сценарио доколку оди заедно со Алијанса на Албанците споредено со тројната коалиција Движењето на Изет Меџити, Беса и Алтернатива и втората варијанта е кога ДУИ оди посебно и посебно оди Алијанса за Албанците, а тројната коалиција која веќе е официјална оди заедно. Бројките кои заедно ги делат се некаде 27-28 и заедно партијата Левица и партијата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски заедно делат некаде околу 12 пратеника“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното гостување во емисијата „360 Степени“ на МРТ 1.
Претседателот Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои многу повеќе од тие бројки на анкетите.
„Јас ценам дека со почетокот на кампањата кога се мобилизираат граѓаните, структурите на партиите, потенцијалот, пораката на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат посилни и за мобилизација и порака како порака и дека не бил изненаден ако бројката биде близу мнозинство во парламентот“, посочи Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и истакна дека партијата е во таква кондиција каде нивото на мотивација е на толку високо ниво.
„Повторно ќе кажам дека свесен за предизвиците сите оние што не се согласуваат со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе прават се за да тој процес и таа победа ја намалат. Јас лично и партијата сме во таква кондиција и нивото на мотивација е на толку високо ниво што ценам дека истите тие ќе бидат прегазени и не би се изненадил за уште еден историски резултат после онаа двојна победа на локалните избори“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски потенцираше дека предвидуваат озбилна програма за сериозна трансформација на Македонија.
„Јас сум убеден и ве уверувам вас и граѓаните дека идната Влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар и тоа ќе биде историски најреформските години за Македонија како држава затоа што предвидуваме озбилна програма со сериозна трансформација на Македонија“, заклучи Мицкоски.
Comments are closed for this post.