Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република.