Митрополит Агатангел: Лицемерни решенија за самоукинување му се нудат на македонскиот народ

07.10.2018 / 19:09


Значењето на Охридската архиепископија и МПЦ е огромно и непроценливо. Преку нејзината вековна мисија и традиција, македонскиот народ го зачувал својот јазик и својот идентитет. Но, и после толку поминати години, за жал сеништата од минатото повторно се појавуваат и го вознемируваат македонското битие, порача Митрополитот Повардарски г. Агатангел по повод 60 годишниот јубилеј од обновата на Охридската архиепископија.

Македонскиот народ според него е доведен во ситуација да се бори за уставното име на Татковината. Во услови на одрекување на македонската црковнаа афтокефалност и негирање на македонскиот национален идентитет.

Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид. Овие современи Понтиј Пилати и апостоли на немирот, надоградени со заслепувачка безумна омраза и високото мислење на себе, со години ја пеплосуваат македонската душа, го вознемируваат и разединуваат народот по сите основи, потенцира Господин Агатангел.

Тој истакна дека македонскиот народ е умен, трпелив и сталожен и ги знае своите потреби и интереси, донесува правилни одлуки тогаш кога се загрозува неговото достоинство и неговото право на живот и постоење.

Во Охридската архиепископија пред повеќе од еден милиниум се удриле темелите врз кои се градел целиот напредок и сиот духовен развој на православниот народ во древна Македонија,затоа годинава,рече тој, ја прославуваме илјада годишнината од нејзиното формирање, рече Агатангел.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски за истрагата за марихуаната вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада

пред 4 часа
Македонија

Mицкоски објасни под кои услови може да станеме членки на ЕУ, без Бугарија да блокира

пред 4 часа
Македонија

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Нема да има предвремени избори, реконструкција на Владата најдоцна до јуни

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски: Постои сценарио за членство во ЕУ следната година заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, но без право на глас

пред 2 дена
Македонија

Шекеринска е од големото добро утро, не објасни што барале со Заев во СЈО да носат материјали

пред 2 дена
Македонија

Почна со работа Одборот за мир

пред 2 дена
Македонија

Таравари посегна по национализам и етнички тензии

пред 3 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Таравари ќе зема плата само од даноците што ги плаќаат Албанците во Арачиново, Липково и Тетово

пред 3 дена