Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, го чека одговорот од Комисијата за заразни болести дали може да организира протести во време на коронавирус. Јанчев за Слободен печат вели дека на протестите за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој информирал на Фејсбук очекува да дојдат од 1.000 до 2.000 луѓе.
Јанчев информира дека доколку во меѓувреме стигне допис од Комисијата за заразни болести, дека не треба да се организираат протести, тогаш преку прес-конференции со дел од општинските комитети од повеќе градови ќе бараат оставка од Мицкоски.
-Не треба повеќе да се залажуваме. Нормално е по толку многу загубени изборни циклуси членството на ВМРО-ДПМНЕ да бара оставката од Мицкоски. Доколку тој и понатаму остане на лидерскта позиција, партијата и понатаму таа ќе тоне во безизлез, вели Јанчев.
Вчера Јанчев на својот Фејсбук профил го повика членството на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.