Во општина Аеродром дојдовме со една амбициозна програма која претходниот градоначалник почна да ја реализира. Проектите дел се завршени а дел а дел се во тек и се однесуваат на повеќе области-образование, детски градинки, паркови и зеленило,игралишта, вели новиот в.д градоначалник Дејан Митески.
Тој уверува дека сите деца кои поднесоа барање за упис ќе бидат запишани во основните училишта во Општина Аеродром и оти е горд што неговата општина има зголемен број на деца.
Капацитетите на училиштата се исполнети максимално и работите да обезбедиме нови.Аеродром е една од ретките општини каде сите деца се згрижени во целодневна настава, односно во дневен престој.Капацитетите се доволни во овој момент-вели Митески во интервјуто за „Република“.
Првиот човек најавува и реконструкција на училиштата во Општината.
Издвоивме околу пет милиони денари за санација на училиштата што опфаќа молерисување, замена на врати, прозори, плочки подови.Со МОН работиме и проект за реконтрукција на тоалетите и од септември децата ќе имаат подобри услови.
Долгогодишен проблем во Општина Аеродром недостатокот на места во градинките и листите на чекање.
Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора со што ќе го дуплираме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две и со тоа листата на чекање да биде минато.
Депонијата „Вардариште“градоначалникот ја посочува како голем проблем иако не се наоѓа на територијата на Општина Аеродром.
Се чуствува миризба и чад од палење во депонијата која е во целосна надлежност на градот.Со градоначалникот на Гази Баба направивме увид и побаравме соработка од МВР бидејќи градот не постапува.Добивме поддршка од МВР кое заедно со инспекцијата од општина Гази Баба ќе вршат интензивни контроли за да се спречи палење во депонијата.Иако не е наш проблем се обидуваме да го решиме бидејќи најмногу влијае на нашите жители-вели Митески во интервјуто за „Република“.
Митески признава дека нечистотијата е голем проблем во Општина но оти работат на тоа.
Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите.Контејнерите во град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општина нема соодветна механизација.да го собира и носи во депонијата Дрисла.Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање на кабаст отпад каде со сопствена механизација ќе постави контејнери на повеќе локации.Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември.На овој начин се надеваме дека ќе ги намалиме овие мини депонии.
Градоначалникот не сака да верува дека Комунална хигена намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.
Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината.Контејнерите не се празнат согласно динамиката.Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика.Апелирам тоа да го прават почесто.
Митевски признава дека има проблеми низ општината со фонтаните, чешмичките за пиење вода, искршени плочки, запуштени езерца, полни шахти…..
Фонтаните за пиење вода ги ставаме во функција.Склучивме договор за реконтрукција на корпите за отпадоци.Посветуваме сериозно внимание на овој дел.Ова иако се мали работи но пречат во секојдневното функционирање и ние сме свесни за тоа.
Кучињата скитници исто се исто така голем проблем.
Кучињата скитинци се надлежност на „Лајка“.Ние како општина го имаме тој проблем, меѓутоа немаме законска надлежност ниту пак начин и стручни служби кои може да ги третираат овие кучиња скитници. ЈП „Лајка“ кое е под надлежност на градот не доволно ја извршува работата и третманот на кучињата скитници.Постојано се појавуваат нови кучиња.Капацитетите на Лајка се претпоставувам недоволни за нивен третман.
Од проектот што го издовојува е отварање на Управа за водење на матични книги.
Овој проект првпат ќе се спроведува во општината.Досега општина со 100.000 жители немаше ваква Управа каде што жителите ќе може да добиваат вакви услуги.Оваа Управа ќе биде отворена веќево август како и еден шалтер на една точка за сите услуи и граѓаните ќе може да добиваат податоци од УЈП, Фондот за пензиско, од Агенцијата за вработување,Катастарот кои се вмрежени во една точка за услуги. Неодамна се направи увид и на градежните работи на нова полициска станица во Ново Лисиче кое ја финансира МВРг која треба да биде готова до средината на следната година а предвидено таму да има фотографирање и издавање на лични документи-вели Митески за „Република“.
Митевски разјаснува и кој е бенефитот од потпишаниот договор со Меѓународниот Балкански универзитет.
На овој Универзитет фукционира катедра за архитектура.Заедно со ректорот на Универзитетот договоривме една соработка каде што општината ќе добие донација проект за израдба на детска градинка, толку од оние што ги најавивме ќе биде проект изработен од нив.Општината ќе има голема придобивка.
Првиот човек најавува дека ќе учествуваат со проекти за општината наменети со заемот од Унгарија.
Интензивно работиме на изработка на проекти со кој може да аплицираме. Голем број проекти што ги бараат граѓаните ќе бидат аплицирани.Во зависност од населеното место има различни проекти-за Долно Лисиче работиме на проект за изградба на училишна сала, проширувањ на мост во Горно Лисиче, атмосферска канализација, замена на плочници во урбана заедница Јане Сандански, реконструкција на улици во Мичурин и Стар Аеродром,како и две детски градинки-набројува градоначалникот во интервјуто.
Comments are closed for this post.