Премиерот Зоран Заев преку Твитер се извини за денешната изјава говорејќи за тоа кој сака да ја сруши владата го употреби зборот „педер“.
Премиерот рече дека не мислел да ја навреди ЛГБТ заедницата и оти не мислел на сексуална припадност туку за карактерна особина.
ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) August 13, 2019
Comments are closed for this post.