Мисајловски: За ВМРО–ДПМНЕ нема ништо спорно да стои Македонец во личните карти

19.02.2021 / 14:08


Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите кажа дека целта на законот за лични карти е ништо друго освен пазар помеѓу СДСМ и БЕСА. Мисајловски истакна дека очигледно е дека Зоран Заев не сака да помине овој закон бидејќи да сакал одамна законот ќе поминел со европско знаменце. Мисајловски дополни дека за ВМРО–ДПМНЕ нема ништо спорно да стои во личните карти Македонец.

– Да, точно така го слушнав јас ова од господинот Зоран Заев бидејќи беше да кажам од една страна и приморан ова да го каже зошто јас уште пред неколку дена имав едно гостување на една телевизија каде што кажав дела целта на овој закон не е ништо друго освен еден пазар помеѓу БЕСА еден пазар помеѓу СДСМ и коалицијата и еден пазар каде што јавноста треба да види дека нешто се прави а во позадина односно не сакаат ништо да се направи. Зоран Заев не сака овој закон да помине уште од првиот ден и правеја манипулација бидејќи некој збореше дека ВМРО–ДПМНЕ биле за да стои Македонец па тоа било спорно, не е спорно да стои Македонец во личните карти бидејќи ние се чувствуваме горди ако стои Македонец. Проблемот во целата работа е што треба да се испорача едно ветување кон БЕСА што е дадено во предизборната кампања а потоа договор каде што формираа влада, појасни Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски потенцираше дека повеќе од јасно е дека владата е на стаклени нозе и дека Заев сам влегол во стапица каде што ветувал едно што сега не може да го испорача.

– Гледаат дека сега оваа влада е на стаклени нозе и пробуваат на било кој начин да манипулираат би рекол баш вака со одредени партии кои поконкретно со БЕСА каде што може да видиме дека изгледа немаат договор за ова прашање. Затоа пробуваа на било кој начин да направат перцепција во јавноста дека се работи за нешто друго дека овој закон е закочен од друга политичка партија но изгледа самите не сакаат да помине и тоа се случи. Ако имаат чесна намера јас спомнав пред некое време они овој закон ќе го пуштеа со европско знаменце и ќе имаше два дена расправа и ќе помине. Затоа од друга страна слушаме пак и продолжените раце на Зоран Заев од нивните аналитичари и политичари како што е еден од нив претседателот на држава кажува аргументи зошто не требало да помине овој закон и на сите целта е јасна дека Зоран Заев сам си направи стапица каде што не може да го помине овој закон но за жал или за среќа остана изманипулирана партијата БЕСА каде што ќе видиме што ќе се случува, заврши Мисајловски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Силјановска Давкова порача: СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

пред 8 часа
Македонија

Мицкоски: Народот кажа-идната коалиција во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ а во нејзе ќе биде и коалицијата „Влен“

пред 10 часа
Македонија

Гаши демантира дека имало средба меѓу Таравари и Ахмети

пред 10 часа
Македонија

Мицкоски: На 8 мај масовно граѓаните да излезат и да гласаат за иднината на Македонија

пред 12 часа
Македонија

Таравари сака промена на Уставот со Албанците како второ мнозинство

пред 1 ден
Македонија

Ова се двете сценарија на СДСМ да избегне пораз на изборите

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ

пред 2 дена
Македонија

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

пред 3 дена
Македонија

Зошто не треба да се бојкотира вториот круг: Јован Митревски ќе ни стане в.д претседател на држава , следниот ќе ни го бира ДУИ во Собрание

пред 3 дена