Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.

„Најважно од се за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно, рече тој.

„Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина“ – порача Мисајловски.