Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски се обрати на првиот од низата протести што ќе ги организира опозицијата за да изврши притисок врз власта да ги објави за што преговара со Бугарија.
Блокираме за да ја кренеме свеста и да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина. За тоа што договараат и преговараат Заев и Бучковски, а македонската јавност не знае ништо, рече Мисајловски.
Тој праша дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, дали се преговара за нацијата, за културата за јазикот и каков е тој патоказ, договор или што и да е.
Сите ние сме за Европската Унија, но има нешто што е поважно од се, а тоа Македонија, македонската држава, нацијата, граѓаните и се разбира идентитетот и јазикот. Затоа повикуваме, да не прават погребни чекори. Ако се транспарентна влада како што најавуваа нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ.
Мисајловски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците и дека очекува од власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса за тргување и дали Заев повторно изигрува трговец поединец и судбината на сите граѓани, без да знае никој тој да ја определува и тој да биде судија.
Comments are closed for this post.