Се среќавам со многу луѓе, има убава енергија, ги слушаме маките на граѓаните и се забележува сплотување насекаде во Македонија,ј а оценува за „Република“  Владо Мисајловски, носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, досегашната кампања.

Граѓаните најчесто се жалат на нефункционирање на целиот систем во државата.Ако зборуваме со пензионерите се жалат дека немаат средства за основните потреби, за лековите.Власта се фали дека ја зголемувале минималната плата и пензиите кога ќе ги прашате пензионерите или било кој дали ви се доволни тие велат инфлациите ни ги изеде парите.Тоа е најголемиот проблем. Ние како политичари треба да ветиме реални работи и да ги исполниме. СДСМ и ДУИ лажеа и ќе лажат.Затоа ние ветуваме дека пензионерите ветуваат 5000 денари уште во првата година.

Најчестото прашање е ќе има ли доволно пари?

Треба да се знае дека во Македонија околу 30-40 проценти има сива економија.Тоа е огромна бројка што ние мора да ја сведеме до минимум.Ако ова се направи ќе има пари во буџетот не само за пензии, туку и за капитални проекти.Лидери сме во регионот по криминал и корупција и на СДСМ и ДУИ ова им е природна средина.Сакаме тоа да го смениме и ќе има доволно пари и за пензии и за многу проекти.

Мисајловски вели дека е возможен економски раст од пет отсто.

Со проектите се раздвижува и економијата и градежништвото.Сите делници се стопирани.Со раздвижување на економијата, со нови странски инвестиции, со поддршка на малите и средните претпријатија ќе имаме одлична економија.Ќе гледаме странските инвестиции да бидат насочени таму каде што има таков кадар.Тоа е многу важно за да не се иселуваат младите. Ако има работа ќе има и раздвижување на економијата.Тоа е предуслов да имаме добра држава.Во Платформата 1198 клучните проекти се во економијата.

Мисајловски ги набројува и главните проблеми кои се соочуваат компаниите.

Малите и средните претпријатија бараат да се укине нелојалната конкуренција.Не гледаат  никаква помош од државата.Мораме како држава да им помагаме на овие компании бидејќи тие имаат најголем број вработени.Ако ги стимулираме да имаат подобар производ ќе имаме и квалитетни луѓе што ќе се вработат и ќе имаат поголеми плати.Кон тоа мора да се стремиме.

Мисајловски говори за „големите“ странски инвестиции што ги донесе власта

„Донесоа“ една голема странска инвестиција за електрични автомобили во Тетово, ја најавуваа неколку пати , дадоа и субвенции од државата. Сега можеме да видиме една дупка а фирмата отиде дури и во стечај и сега треба да се провери за што се дадени средства. Го ветуваа и Фејсбук и Гугл на минатите избори. Лажењето е  нивниот бренд и сега слушаме во кампањата дека знаеле дека грешеле но оти ќе се поправеле.Тие пари не се грижат за економијата туку за личниот интерес.Затоа велиме дека промените се во рацете на сите луѓе ако сакаат да видат дека Македонија е повторно нивна.

Некогашниот министер за транспорт е убеден дека ако не се тераше политика а повеќе да се работеше автопатот Кичево-Охрид досега ќе беше изграден.

Навистина е жално што СДСМ како партија и Владата одбиваа да достават продолжување на договорот по неколку месеци откако е истечен договорот за овој проект. Ние како пратеничка група баравме да се стави законот за продолжување на рокот.Ова го баравме за тие одредено време работеа без договор и поради тоа се плаќаат пенали.Тоа го има во договорот ако нема тековен договор.Никој од власт не го кажа ова.Ветувам дека со работа многу брзо ќе биде завршен.

Мисајловски наглсува дека е многу важно проектите од  Платформата 1198 да бидат издржани.

Предлагаме и наместо 120 пратеници во Парламентот да има 90, укинување на позицијата заменик директор,намалување на управните и надзорните одбори, укнување на Балансерот при вработување, ветинг во правосудството, 800 милиони во земјоделството, субенции каде што треба.Програмата е многу обемна и сите проекти се за народот.

Мисајловски предупредува дека кога СДСМ и ДУИ се фатени во тесно зборуваат за национални теми,  се извинуваат дека згрешиле и дека ќе се подобрат.

Тие луѓе не може да се подобрат, туку треба да бидат казнети од целиот народ, посебно од нивните поддржувачи  и сипматизери бидејќи на минатите избори биле излажани тие луѓе што им го дале гласот.Сега тие што гласале за СДСМ и ДУИ треба први да излезат, да ги казнат и да доживеат дебакл.Така се казнуваат политичари што лажат седум-осум години.

Мисајловски е свесен дека за некои од ветувањата,како на пример една изборна единица ќе им треба поддршка и од другите партии, па и од ДУИ.

Мора да се отворат сите овие прашања и да видиме кој за што е. Доста е со политички игри. Сите во минатото велеа дека се за една изборна единица а сега СДСМ и ДУИ не сакаат тоа да го споменат. Демократски ќе биде добро да има една изборна единица.За некои закони е потребно да има двотретинско мнозинство и затоа е важно ВМРО-ДПМНЕ да има што поголем број пратеници, да нема условувања за овие крупни реформи.

Мисајловски открива и колку пратеници очекува.

Многу сме блиску  до 61 пратеник. Зависи од излезноста и колку граѓани дополнително ќе се мотивираат на денот на изборите да излезат. Затоа ќе кажам дека многу сме блиску до 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ да има стабилна влада, Христијан Мицкоски да биде нов премиер и да имаме сериозна влада со реформи и проекти и економски стандард што сите го заслужуваме-нагласува Мисајловски за „Република“.

Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има коалициски потенцијал.

 

Ќе се седнеме и ќе разговараме со повеќе партии  за да имаме што поголема коалиција.Сакаме да седнеме и со албанската опозиција и со другите помали партии кои се за Македонија, за стратешките интереси и кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ ,да видат реформи во сите полиња, но и браник за националните интереси.

Тој го повикува македонскиот народ да не се плаши и да излезе на гласање.

Секој еден што ќе остане дома и нема да гласа, или би гласал за некоја помала партија и би го фрлил гласот и помага само на ДУИ и на СДСМ.СДСМ нема проблем и 70 проценти од сите институции да ги дадат на ДУИ.Затоа треба да се излезе и да се гласа со опозициско размислување за да ги промениме овие луѓе што се кочничари на било која реформа.

Мисајловски вели дека во државата е метастазирано во сите институции.

Ни требаат реформи од корен.Но прво треба квалитетни луѓе што сакаат да работат, си ја сакаат Македонија и што треба да ја сработат Програмата.Со работа и труд може да се сменат многу работи-уверува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.