Константа станува за сите влади да има цивилизациско назадување, јасно е дека не може да постои високо образование без наука. Буџетот за наука во Македонија речиси и да не постои, околу 0.3% од Буџетот на државата се одвојува за наука, па и помалку. Некои анализи се дека и тие средства не се трошат целосно заради процедури. Во Србија процентот е околу 2. Неопходна е перманентна дебата, штета е што така се случува. Во секое семејство ќе ви кажат дека се би жртвувале за да можат своето дете да го образуваат. Политиката си зела за право наместо системски решенија, дозволиле се да е контролирано. Зошто високообразовните институции треба да работат под трезорски систем. Има многу аспекти. Високото образование во Македонија се претвори во брутална пазарна економија, најпаметните млади луѓе не можат да успеат тука. ПМФ се уште е здрава средина во нашето општество, се продуцираат продуховени луѓе кои се вљубеници во оваа работа“ – вели проф. Валентин Мирчевски, в.д. декан на ПМФ во Студио 10 на ТВ24.