Министерство за здравство: Најголема смртност од Ковид-19 има во градовите со најмалку вакцинирани

03.09.2021 / 10:42


Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.

– Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61 процент, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19 отсто вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37 проценти. Слична е состојбата и во Гостивар каде, исто така, имаше мал опфат на вакцинирано население. Во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30 проценти, а бројот на починати со ковид е 73, се вели во соопштението од МЗ.

Од МЗ, апелираат да се отфрлат сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни.

-Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции, се вели во соопштението од МЗ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Груби ќе одговара за крминалот, ветува ВМРО-ДПМНЕ

пред 1 час
Македонија

Груби се споменуваше дека бил преведувач во „Жолтата куќа“

пред 15 часа
Македонија

Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“

пред 18 часа
Македонија

Скопје ќе добие нов Луна парк до јуни следната година

пред 2 дена
Македонија

Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

пред 2 дена
Февруари е месецот на ретките болести

Мојот календар не се мери по датуми, туку по контроли, по болнички ходници, боцкања и резултати

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски за истрагата за марихуаната вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски објасни под кои услови може да станеме членки на ЕУ, без Бугарија да блокира

пред 3 дена
Македонија

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

пред 4 дена