Министерството за здравство најостро ги демантира невистините изнесени на пресконфернцијата на ВМРО ДПМНЕ од страна на д-р Марија Андоновска, во врска со набавката на вакцините против сезонски грип.
„Секоја година, Министерството за здравство на јавен и транспарентен начин објавува постапка за доделување на договор за јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки која овозможува конкурентност и таквите постапки и се достапни на јавноста.
Објава на тендерската документација, која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја поврзе со Министерството, е неточна, односно истата не е спроведена од наша страна, туку од Центар за јавно здравје Скопје, кои набавуваат вакцини за комерцијални цели.
Со цел точно информирање на јавноста како би спречиле споделување на лажни информации, посочуваме дека двете постапки кои се објавени од Министерството за здравство, за 2019 година е со број на оглас 08685/2019 од 25.09.2019 година, а за 2020 година е со број на оглас 11316/2020 од 06.08.2020 година и во истите јавноста може да воочи дека спецификацијата е направена онака за да можат и двата производители, чии вакцини се регистрирани во државата, да учествуваат со своја понуда.
Следејќи ги препораките на СЗО и Комисијата за заразни болести, една од ризичните групи опфатени со бесплатна вакцинација се децата од 6 месеци до 5 години. Нашата цел е да заштитиме што поголем број на деца. Вакцините кои се наменети за вакцинација на деца, доколку не се искористат, се пренаменуваат за вакцинација на другите ризични категории.
Денешните ставови изнесени на пресконферицќа ќе бидат предмет на тужба пред граѓанскиот суд во Скопје.“, велат од Министерството за здравство.
Comments are closed for this post.