о средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот марш на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје.

Министерот Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“, додавајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. Тој, исто така, посочи дека за случајот досега осомничени се актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако семејствата на настраданите повикаа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но нагласи дека веќе имал разговори со дел од родителите.