Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорот за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот.
„Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага за извозот на прехранбени производи од „МАМАС“ во Србија. Затоа ја крие неговата биографија“, рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.
„Веројатно имате ваша стратегија, но она што го кажувате кажете го надвор од говорница затоа што лажете, бесрамно лажете“, му одговори премиерот Заев на пратеникот Милошоски
Ова предизвика бурни реакции кај опозициските пратеници, бидејќи Заев користејќи ги новите преатенички прашања му одговори на Милошоски на претходното прашање.
„Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага. Не можете сами да си креирате приказни за да исполнат некои ваши стратегии. Истото се случува и со бизнисменот. Тоа е одговорот на прашањето. Се знае дека ако некој бизнисмен бил рекетиран каде се пријавува, кај мене не дошол никој од белоруската амбасада. Ако тоа е така, на прес конференција со докази треба јавно да обелодени. Креирањето на вакви амбиенти нема да дозволиме да ви помине. РЕК транспарентно и чесно работи. Ваквите шпекулации имам обврска да ги демантирам. На Влатко Ѓорче сопругата ја ангажиравте за 1.800 евра, Ќе видиме како Франција ќе гласа во октомври. Зборувам за прашање кое е поставено и ова се бесрамни лаги. Никој нема право вака да го манипулира народот“, рече Заев и додаее дека компаниите на Заеви никогаш не соработувале со Зафировски.
Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот.
Comments are closed for this post.