По демантирањата од премиерот Зоран Заев за тврдењата на Антонио Милошоски, се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања.
Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?
И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?“, пишува Милошоски на фејсбук.
Заев ги демантираше обвинувања од пратеникот Милошоски дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.
Comments are closed for this post.