Пратеникот Антонио Милошоски по денешната средба за преговорите за Јавното обвинителство нагласи дека власта не е подготвена да се откаже од Вилма Рускоска и оти таа кога се работи за политички неподобни личности се однесува како обвинител, но кога станува збор за Катица Јанева или за Кики и Фрики се однесува како адвокат.
Власта не е подготвена во системското решение за Законот да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и поголема доверба од јавноста дека вистински се бори со организираниот криминал и корупција. Последниот случај Рекет покажува дека Вилма Рускоска кога станува збор за неподобни политички личности се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица Јанева или за некои Кики и Фрики се однесува како адвокат-рече пратеникот.
Comments are closed for this post.