Пратеникот Антонио Милошоски испратил писма до неколку колеги од Германија и Франција во кои бара тие да ја подржат одлуката за датум за преговори со Македонија.
Според него, позитивната одлука на Советот на ЕУ во Октомври е од витално значење за европските перспективи на нашата татковина, како и единствен логичен исход после 10 позитивни препораки од Европската комисија.
Како претседател на Комисијата за надворешна политика, упатив писма до колегите г-а Мариел Де Сарнез (Франција) и г-н Норберт Ретген (Германија), како ургенција за нивна поддршка на нивните парламенти при донесувањето на одлуката за датум за преговори со ЕУ, која одлука Македонија ја заслужи уште во 2009-та, а ја заслужува и денес!
Позитивната одлука на Советот на ЕУ во Октомври е од витално значење за европските перспективи на нашата татковина, како и единствен логичен исход после 10 позитивни препораки од Европската комисија.
Свесен сум за честите забелешки кои некои членки на ЕУ ги упатуваат на сметка на крупните корупциски афери и селективното владеење на правото, но токму овие предизвици треба да се гледаат како дополнителен мотив Македонија што поскоро да ги почне преговорите за поглавјата 23 и 24, бидејќи без почеток на преговорите овие проблеми можат само да растат, а граѓаните и стопанствениците да бидат оние кои ќе ги трпат негативните последици. Македонските граѓани заслужуваат позитивна одлука од Брисел, со надеж дека првата меѓувладина конференција на ЕК и МК-Влада, што се смета и за званичен старт на преговорите, ќе се случи до крајот на 2019 година-напиша пратеникот.
Comments are closed for this post.