Милошоски прашува: Дали адвокатот Димишков бара 6 милиони евра во име на Зоран и Вице Заеви?

20.06.2020 / 15:44


Антонио Милошоски денешната прес конференција ја посвети на вчерашните аудио материјали кои што фрлаат уште едно појасно светло на најголемиот финансиски, рекетарски, политичко, судски скандал наречен „Рекет“.

Преку вчерашните аудио материјали се гледа дека еден познат скопски адвокат господинот Димишков инаку брат на судијката Весна Димишкова разговара со посредници кои што се поврзани со судските процеси кои што ги води СЈО и им нуди трампа пари за правда.

Се зборува за огромни суми на пари со кои што еден од бизнисмените требало да биде пуштен на слобода, а се наоѓал во притвор. Ќе цитирам гласот за кој што се претпоставува дека е на адвокатот Димишков вели – „Дајте 6 милиони евра, и ќе ја завршиме работата“. Ова го тврди адвокатот Димишков, ова го нуди адвокатот Димишков, брат на судијката која што определила мерка притвор.

Имајќи го во предвид разврската на случајот „Рекет“ како и низа отворени прашања на оваа тема се поставува прашањето дали адвокатот Димишков имал само лична моќ да нуди притвори, ослободувања од притвори и да бара пари за ослободувања од притвори. Или пак можеби адвокатот Димишков имал и судска моќ и политичка моќ преку одреден спонзор за да може да издејствува кому да биде одредена мерка притвор и за колку пари да биде укината таа мерка притвор.

Затоа многу сме зачудени што за адвокатот Димишков и за судијката Димишкова немало истрага во Јавното Обвинителство, во најмала рака за посредување и за уцена, или изнуда на пари од лица кои што биле предмет на обвиненијата на СЈО.

Главното прашање е дали и Вице и Зоран Заеви се ликовите во чие име зборува адвокатот Димишков, и дали адвокатот Димишков бара 6 милиони евра во име на Зоран и Вице Заеви.

Дали тие се политичкиот центар на моќ каде што треба да се уплатат 6 милиони евра за да се укине одредена мерка притвор?

Очигледно е дека се правени пазари со правдата. Сестрата судијка определува мерка притвор. Братот адвокат наоѓа посредници, бара пари, има центар за политичка моќ, и тие пари ги добиваат главните нарачатели на ваквите дејствија, и даваат наредба за укинување на мерката притвор.

Ова е заклучокот кој што може да се извлече од аудио снимките кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден, а за кои што обвинителката Русковска потврди дека ги поседува во Јавното Обвинителство.

Обвинетиот и сега веќе осуден Бојан Јовановски во судот посочи дека рекетираните пари треба да се бараат кај семејството Заеви. Се поставува прашањето дали овие 6 милиони евра кои што ги побара адвокатот Димишков исто така треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Ова е веќе втора индиција која што посочува дека Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој што ја злоупотребува политичката моќ како премиер за истовремено да биде и наредбодавач во обвинителството и наредбодавач во судството, и судските и обвинителските постапки да ги тргува за високи суми на пари. Ова најголема рекетарска шема во Република Македонија наречена „Рекет“ има и свој покровител и ние сме изненадени зошто госпоѓата Вилма Русковска не покренува до сега никаква истрага за оној за кого што има индиции дека е покровител на шемата пари за правда, а индициите упатуваат до лицето Зоран Заев.

Да биде уште позагрижувачки овде станува збор за системски организирана мафија во која што политички, обвинителски, адвокатски и судски структури заедно со посредници од подземјето тргувале со правдата и остварувале голема материјална корист. Аргумент во таа насока ни е и фактот што токму сестрата на посочениот адвокат, Весна Димишкова која беше судијка на претходна постапка во случајот „Империја“ кој е тесно поврзан со случајот „Рекет’ е токму таа која што ги води овие предмети, а нејзиниот брат е лично посредник за издејствување на поповолни мерки во овие предмети.

Истата судијка случајно или не е онаа која што го замрзнува имотот на најголемата опозициона партија и затоа се сомневаме дека и во двата случаи постои сериозно политичко влијание и политичка нарачка од еден центар на политичка и владина моќ.

Прашањето е дали Зоран Заев директно или индиректно влијаел врз судските постапки, врз постапките на обвинителството и ги нарачувал и ги трампал обвинителските и судските мерки за рекетирање на пари и изнуда на пари.

Ако Јавното Обвинителство денес нема храброст да се соочи со овие индиции да ги истражи тогаш одговорите ќе бидат дадени после изборите кога во фер обвинителски и судски процес ќе можат да бидат одговорени сите овие дилеми кои што посочуваат дека Зоран Заев е можниот нарачател на ваквите рекетирања и изнуда на пари.

Изборот затоа на граѓаните на 15 јули ќе биде помеѓу рекетарската шема на Зоран Заев и неговите најблиски судии и обвинители или опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која што е спремна да ја преземе довербата и одговорноста да се носи со ваквите девијации и за истите да има политичка и судска одговорност.

На крајот би сакал да заклучам дека се додека адвокатот Димишков, судијката Весна Димишкова и нивниот можен политички нарачател Зоран Заев играат политички и финансиски игри со случајот „Рекет“, со притворите и пресудите и истите ги продаваат за големи суми на пари тогаш европскиот пратеник Рајнхард Прибе за џабе пишува извештаи за владеење на правото. Во Република Македонија со Зоран Заев, со адвокатот Димишков, со неговата сестра и ова обвинителство за жал нема владеење на правото, туку има владеење на големи пари за кои што се тргува со правдата, рече Милошоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

„Адинг“ засадува за идните генерации

пред 9 часа
Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

пред 1 ден
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Со СДСМ дишевме алпски „ајро“

пред 2 дена
Македонија

Ахмети го напаѓа, Таравари го брани Курти

пред 3 дена
Македонија

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

пред 4 дена
Македонија

Каде исчезна бесплатниот превоз на Данела?

пред 4 дена
Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

пред 4 дена
Македонија

Прес конференција на Курти и Мицкоски: Време е за решавање на економските прашања

пред 4 дена
Македонија

Возењето со такси во Скопје ќе стане луксуз

пред 1 нед.