Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денес одговараше на новинарско прашање, во кое од него беше побаран коментар за писмата што ги објавуваат деновиве „Ла Верита“.
-Сметам дека овие писма кои што беа објавени од споменатиот странски медиум само ја докажуваат нетранспарентноста на министерот за здравство и на Владата. Зошто? Првата лага која што ја имаше господинот Зоран Заев, во јануари тврдеше дека не размислува за вакцини од истокот, а во исто време знаел дека во декември министерството за здравство преку фантом фирмата „Старби Компани“ се обидува на еден контроверзен начин да набави вакцини од Кина и да профитира на тие вакцини. По што следува одбивањето од кинеската страна која што се сомнева дека станува збор за некоја матна зделка и не сакаат да учествуваат во такви едни провизии. Затоа сметам дека објавените писма само се одговорност плус за министерството за здравство да каже дали има преддоговор со оваа фантом фирма, од каде министерот Филипче знаел за оваа фирма, дали го познава директорот, дали знае дека оваа фантом фирма има само тројца вработени, и дали ќе ги објави сите документи поврзани со оваа фантом фирма каде што провизиите биле поважни од набавката на вакцини. И апелираме уште еднаш до Јавното обвинителство да се вклучи во истрага за ова бидејќи ова е сериозен сомнеж за злоупотреба службена должност на сметка на здравјето на граѓаните, каде што државата трчала по провизии преку фантом фирма, уплатила и одреден аванс, кој што потоа бил вратен, а се уште немаме вакцини, а имаме многу заболени и многу жртви, рече тој.
Comments are closed for this post.