Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент.Поданичката политика на Заев и СДС во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања, коментира СДСМ.
СДС, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.
Дали СДС, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДС стои позади оваа антимакедонска иницијатива?
СДС делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.
Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДС повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси.
Comments are closed for this post.