Утре продолжува судењето за настаните од „27 април“. Предвидено е да сведочи Александар Василевски-Нинџа еден од првично обвинетите во овој случај.
На претходните рочишта, ниту Стефан Младеновски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите, ниту пак тоа директно го посочи поранешниот пратеник Весел Мемеди.
Засега упорна во настојувањата да докаже дека упадот во Собранието бил координиран од ВМРО-ДПМНЕ единствено е обвинителката Вилма Рускоска, иако и таа има се помалку аргументи но и сведоци кои тоа ќе и го потврдат.
Адвокатот во овој случај, Еленко Миланов вели дека утре од Нинџа очекува да го потврди тоа што го кажал кога давал исказ како обвинет, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите , туку дека само дале поддршка.
-Ќе видиме како ќе се одвива неговото сведочење но очекувам тој да го потврди исказот даден како обвинет дека немало организирано влегување во Собрание, и дека немале план што да прават ако влезат. Најмалку пак дека добивал инструкции од партии или поединци-вели Миланов за „Пресинг ТВ“.
Comments are closed for this post.