Со колаж од фотографии на кои бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски е фотографиран во македонската влада, ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже дека финансиерот на фашистичките клубови, всушност, бил главен гостин на СДС.

Милен Врабевски, за кој медиумите пишуваат дека е главен финансиер на фашистичките клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис беше главен гостин во владата на Заев. Луѓе околу Заев се луѓето кои ги отвораат фашистичките клубови, тоа и самиот Заев го има кажано јавно на бугарска телевизија. Дали СДС ќе се огради од Заев, зошто ако не се оградат, тие се само продолжување на неговата политика, која гледаме дека верно ја следат. СДС на дезертерот Ковачевски практично овозможи да се отворат фашистички клубови, и не презема ништо да го спречи нивното отворање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зад културните центри „Иван  Михајлов“ во Битола и „Цар Борис“ во Охрид стои бугарскиот тајкун д-р Милен Врабевски. Поддршката на центрите е дел од долгогодишната програма на Врабевски и Фондацијата Бугарско сеќавање за прекугранична соработка, интеграција и европска перспектива на сонародниците во Македонија.

Зад Културниот центар „Иван  Михајлов“ во Битола стои бугарскиот тајкун д-р Милен Врабевски.

Врабевски беше почесен гостин на бугарската заедница во  Македонија на отворањето на центарот, што бил изграден со негова финансиска помош. Поддршката на центарот е дел од долгогодишната програма на Врабевски и Фондацијата Бугарско сеќавање за прекугранична соработка, интеграција и европска перспектива на сонародниците во Македонија, вели Фактор.бг.

Бугарскиот бизнисмен долги години финансиски ја поддржува активноста на центарот и досега и подарил автомобил за потребите на тимот, кој го води, ги покрива месечните трошоци на организацијата и ја плаќа киријата за просторот.