Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада која прави геноцид врз својот народ, преку бруталната неспособност каде ништо не е под контрола. Ова го потенцира Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи видео со дел од неисполнетите ветувања кои претседателот на СДСМ ги кажуваше во неговите предизборни кампањи поврзани со македонското здравство.
Претходното деноноќие Македонија имаше 26 мртви поради ковид-19 Дури 132 починати за само една недела. 132 семејства завиени во црно.
По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби.
Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада која прави геноцид врз својот народ, преку бруталната неспособност каде ништо не е под контрола.
Секаде во светот короната напаѓа, но убеден сум, да ја немавме оваа неспособна Влада, денес ќе имавме повеќе животи кои се спасени, вели Мицкоски.
Додава дека државава се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што здравствениот систем е мизерен и клекнат на колена.
Државниот апарат не функционира. Зоран Заев ги упропасти сите шанси за било што да е подобро. Овој човек е неспособен да донесе иднина, но затоа е прв во лаги, неспособност и криминал и затоа мора оставка и Влада од стучни луѓе за национален спас!, додава Мицкоски.
Мицкоски апелира да се погледне видеото по што сѐ ќе стане појасно:
Comments are closed for this post.