Дали е жив здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонски и албански порака на социјалните мрежи друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат, во тие заедници кои што тој ги наведе во својот фејсбук статус, како што се САД и Европската Унија. Претседателот на државата кој што е најодговорен заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот бидејќи пратеник во македонското Собрание нема – изјави попладеново, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност или доброволно се држи или избега, не знам зошто е ако е доброволно не беше денеска тука појавен, ќе си се гласаше ако беше против да падне оваа Влада ќе си гласаше против и Иницијативата ќе завршеше 60-60, и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам. Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу би рекол ете изјави од различни извори, дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во жива кал, ако мислат дека е ова политички триумф, не напротив, мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите кои што се наведени во тој статус. Се шпекулираше за вакво нешто уште во текот на вчерашниот ден дека ќе се случи, ако мислите дека не се сме го очекувале, тогаш се лажете, го очекувавме – рече Мицкоски.
Тој додаде дека бил на Универзитетот, имал часови, па потоа дошол за да се координираа со пратеничката група.
Така што ако се потврди уште еднашка трговијата тогаш со пратеници, тогаш се поставува прашањето дали воопшто вреди човек да се занимава со политика во ова наша Македонија додека оваа власт предводена од Зоран Заев постои. Ова е срам и ако се потврди тоа дека е држан надвор од своја волја и дека некаде се наоѓа сега каде што никој жив не знае каде се наоѓа тогаш навистина тоа предизвикува силно чувство на гадење – рече Мицкоски.
И им се извинувам во мое име и името на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните што морат да бидат сведоци на една ваква би рекол циркуска претстава која што денеска се одвива тука во Собранието и жалам, простете ми што морам се уште да бидам дел од еден ваков срам кои што ние како политичари на вас на граѓаните на Македонија ви го приредивме. Извинете уште еднашка од мое име, изјави на крајот, лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.