Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Ресен најави дека тимот од стратешки соработници, кој вчера го претстави на јавноста, ќе се проширува.
Станува збор за тим од врвни професионалци. Тие имаат родољубие и желба за обнова на Македонија. Тие со голема љубов прифатија да бидат мои соработници за обнова на Македонија. Нивниот квалитет, професионално и животно портфолио се гаранција за креирање на идните политики на ВМРО ДПМНЕ. Јас и порано имам соработувано со овие луѓе и убеден сум во нивната желба и потреба да изградат држава за сите – рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.