Дејан Владев е скромен човек кој го сака Свети Николе. Човек работник, човек со визија и план. Дајте шанса на напредокот, на иднината, на луѓето кои допрва го имаат својот збор во политиката, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната промоција.
На 17 октомври да свртиме нова страница и да испишеме заедно нови успеси, развој решенија и иднина за подобар живот. Затоа што животот нема враќање, и сите заедно да се бориме за она што ни е важно за нашите животи. Нашите семејства, нашите домови, нашите општини. Нашата Македонија!
Comments are closed for this post.