Најавуваа четири викенди без ДДВ, а сега повторно се лажат граѓаните со еден викенд и тоа со ограничување, рече на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Септември помина за кога ги ветуваа четирите викенди без ДДВ, а денеска гледаме како на лажичка им се ветува на граѓаните дека само 1 наместо 4 викенди ќе се купува без ДДВ и тоа празничниот викенд. И нема да биде без ограничување како што ветуваа, ниту пак со намалени цени. Ќе има ограничување до 30.000 денари, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ова е уште една лага на Владата која како што вели тој дошла на власт преку талибански предвремени избори.
Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека за реализација на овие мерки пари нема, па државата повторно ќе треба да се позајми дома и надвор, а на крај како што вели Мицкоски се тоа ќе го платат граѓаните.
Comments are closed for this post.